На 13.04.2026 во 14:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на крстосницата од бул.„Туристичка“ со ул.„АСНОМ“ во Охрид, 71-годишнo лице управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубило контрола и паднало на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мопедистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид, информираат од СВР Охрид.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.
OhridNews













