Во СВР Охрид,вчера, од болницата „Св.Еразмо“, било пријавено дека кај нив бил донесен 47-годишен охриѓанец со тешки телесни повреди во пределот на главата и ребрата. Поради сериозноста на повредите, лицето со возило на Итна медицинска помош било префрлено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Според информациите, лицето се здобило со повредите додека изведувал градежни работи на покрив, демонтажа на лесонитни табли при што во еден момент паднал од покривот.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

OhridNews