Од СВР Охрид со повеќе детали околу синоќешната сообраќајна незгода во која беше повреден велосипедист.

Оттаму информираат дека сообраќајната незгода се случила околу 15.40 часот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум. Учествувале товарно моторно возило „Фиат Фиорино“ со охридски регистерски ознаки управувано од 42-годишно лице од село Шипокно-охридско и велосипед управуван од 52-годишен жител на населбата Св.Стефан.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди (внатрешно крварење во главата), каде по укажаната лекарска помош во Општа болница-Охрид, поради сериозноста на повредите истиот бил пренесен во скопскит Клинички центар.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Охрид и се работи на целосно расчистување на случајот.

OhridNews