Во охридското село Опеница, вчера, околу 13 часот, 56-годишно лице од селото, додека управувало трактор без регистарски таблички, изгубило контрола над тракторот и паднало во провалија.

Во незгодата, лицето се здобило со тешки телесни повреди по што било пренесено во болницата „Свети Еразмо Охрид“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.

OhridNews