Македонските преставници во Лигата Европа, Ренова и Металург попладнево во Маврово ќе ги одмерат силите во пријателски натпревар.


Тренерите на двата прволигаши кои ќе ја преставуваат Македонија во еврокуповите, ќе имаат можност да ја проверат моменталната подготвеноста на своите избраници.

Ренова во првата рунда од квалификациите за Лигата Европа ќе игра со преставникот од Северна Ирска , Гленторан, додека Металург ќе стартува во втората рунда а за противник го доби Локо од Софија.

Ohridnews