Менса Македонија за прв пат по речиси три годни ќе организира тестирање на интелигенција со цел за прием на нови членови во Охрид, на 13.06.2026 (сабота) со почеток во 13:00 часот.

Тестирањето ќе се одржи во просториите на на Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Кандидатите е потребно е да имаат наполнето 16 години до денот на тестирање. Тестирањето се одвива со стандардизирани тестови за интелигенција на Mensa International® и резултатите се тајни. Доколку вашиот резултат е во горните 2% од светската популација, стекнувате право да станете член на Менса Македонија, а со тоа и на Mensa International®. Придружете ни се, порачуваат од Менса Македонија.

Повеќе информации на линкот.

OhridNews