Искрено верувам дека изборите на 15 октомври ќе завршат со најдобрите резултати за охриѓани. Нашите сограѓани ќе добијат соодветни услуги, услуги какви што заслужуваат.
Работа за сите, економски пораст и развој на Охрид, создавање нови работни места и намалување на стапката на невработеност и унапредување на туризмот и меѓународна соработка на градот. Ова го истакна кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ Митко Тилевски.

„Ние сме луѓе од збор. Тоа што го мислиме, го зборуваме, и го правиме. Ние ги исполнуваме нашите ветувања. Рамо до рамо со сите Вас од сите места на Охрид, Македонци, Турци, Срби, Албанци, Роми, Египќани, Власи и сите други, наша доблест е што ги слушнавме Вашите препораки. Затропавме на секоја врата, се ракувавме со секого, се соживеавме со сечиј живот и со сечие срце, со секоја мака и потреба. Овој град му припаѓа на охриѓани. Вие сте тие што ќе донесете одлука и го имате последниот збор за нашиот град. Нашата најважна цел е да ги реализираме идеите, волјата на граѓаните и нашите заеднчки соништа. Работиме само за таа цел. Бидејќи сме тука да Ви служиме, ние сме во ваша служба. Вие многу добро знаете, кој обезбедува услуги и работа, а кој само зборува напразно, кој ги исполнува своите ветувања, а кој ги заборава своите ветувања, чии ветувања се реални, а чии ветувања се бесмислени.“ – рече Тилевски.

Тој упати порака до гласачите пред неделните локални иозбори во Охрид:

„Имаме подготвено визија и план за следниот период, да содадеме дополнителни и подобри услуги за нашиот град. Нашата визија и план ќе донесат просперитет за Охрид. Воден од позитивната енергија, работа и посветеност секогаш со чесност, хуманост, семејни вредности, единство, остваруваме проекти, верба и јасна програма. Оценката е Ваша. Одлуката е Ваша. Во вашите срца нека биде запечатено достоинството. Позитивната порака нека се слуша… Бидете со нас во оваа пресудна и историска трка за Охрид. Вие го заслужувате Охрид – Охрид Ве заслужува вас! Ве повикувам сите граѓани масовно да излезете на своите избирачки места и на фер и достоинствен начин да го дадете својот глас.“ – порача Тилевски.

На завршната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ што се одржа на градскиот плоштад, порака до гласачите упати и носителот на кандидатската листа за советници и претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Кирил Пецаков.

„Чувствувам голема одговорност но и силна мотивираност бидејќи со добиената доверба за носител на советничката листа голема е честа да ги реализирам своите идеи за доброто на партијата, граѓаните на Охрид. Довербата е поттик и можност заеднички да работиме потпирајќи се на принципите на чесност, посветеност и одговорност. Советничката листа е тим советници докажани во својата фела, полни со знаење, ентузијазам и со вистинска љубов кон Охрид и охриѓани. Благодарам на сите оние кои ја препознавате нашата коректност, нештедливост, решителност, ангажираност во остварување на програмите и целите за Охрид и охриѓани. Бевме со народот и меѓу народот. Пружаме рака на секој граѓанин. Сите сме една целост, едно заедништво, една душа. Секое катче, секоја улица, секој праг е Охрид. Отваривме непосредни средби со сите граѓани. Водевме исклучително позитивна, слободна, фер и достоинствена кампања. Токму затоа граѓаните можат да бидат сигурни дека новите проекти што ги нудиме со новата изборна програма, ќе се реализираат во периодот од наредните четири години. Продолжуваме посветено и неуморно како и досега, продолжуваме да работиме за подобар живот за сите граѓани на Охрид. Тие што вистински го сакаат својот град, работат за него, го сакаат со дела.“ – рече Пецаков.

Тој упати порака со секој дел на градот, Македонци, Турци, Срби, Бошњаци, Албанци, Роми, Египќани, Власи и сите останати кои сакаат да бидат дел од прогресивните идеи, да се вклучат кон подобрување и унапредување на општественото живеење во Охрид. 

Новиот совет со нашето мнозинство ќе работи во полза на граѓаните, чесно, одговорно, исполнително и професионално за што ќе дава Отчет. Искрени, природни и добронамерни со граѓаните. Ве повикувам да излеземе масовно на гласање, недела на 15 октомври и да ја оствариме долгоочекуваната сигурна победа уште во првиот круг!“ – порача Пецаков.

OhridNews