Тим на Општина Охрид под менторство на м-р Ива Николоска во состав Наташа Неданоска, Елена Арсовска-Манчевска, Ана Топенчарова Коваческа, Сања Бачевски и Каролина Буџакоска присуствуваше на неколкудневна работилница во Кушадаси-Турција каде учесниците работат на развивање на иницијалните проекти презентирани од страна на проектните тимови од Македонија и Турција.

Проектните активности веќе се започнати и дваесетина автохтони растенија (билки) кои се типични за планината Галичица се веќе дел од едукативната патека (мини арбуретум) согласно временската рамка на проектот. Понатака следи обележување на истите, со нивните народни и латински имиња, и дополнување за време на пролетните месеци и со други видови. Планирано е да бидат организирани повеќе работилници кои ќе се одржат во соработка со стручните тимови од Националниот Парк во зелени и забавни едукативни училници во кои ќе бидат опфатени ученици од општинските училишта, како и членовите од клубот за стари лица при ОО Црвен крст- Охрид, информираат од Општина Охрид.

OhridNews













