На 02.06.2018 година во Секторот за внатрешни работи Охрид, 40-годишна жена од Охрид пријавила дека истиот ден околу 01.10 часот додека нејзината 16 годишна ќерка се враќала пеш кон нејзиниот дом, била следена од лице од Охрид кое таа го идентификувала и пред влезот од нивната зграда истиот почнал да ја допира по телото. Кога девојчето почнало да вика за помош излегол соседот, по што лицето избегало од местото на настанот.

За случајот известен бил Јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информира МВР.

OhridNews