Охриѓани и гостите минаа мирна ноќ. Од полноќ па досега регистриран е еден послаб земјотрес со јачина од 2.1 степени, во 7.11 часот утрово.

Претходниот регистриран земјотрес се случи вчеравечер во 22.52 часот  со јачина од 3.7 степени, епицентар на 7 километри од Косел и на длабочина од 4 километри. Идентичен потрес со магнитуда од 3.7 степени по Рихтер имаше и во 21.31 часот Помеѓу овие два се случи уште еден земјотрес со магнитуда од 2.5 степени. Земјотрес со јачина од 3.1 степен е регистриран во 17.10 часот.

Обновено: Охриѓани мир најдоа во камповите

OhridNews