Кумството на новите кумови на Богојавление-Водици, Христијан Шапкар, Олег Маленко и Борис Маркулески ќе им биде предадено в сабота нападне во црквата “Свети Никола – Геракомија”.


Подготовките за манифестацијата се во завршна фаза, а во тек е и пријавувањето на кандидатите кои ќе се фрлаат во водите на Охридското Езеро по светиот крст.

Од Здружението за целосна афирмација на Македонската православна црква “Богојавление” кое е и организатор на централната манифестација, најавуваат дека и годинава капачите ќе добијат маици со ликот на Свети Јован и апелираат до сите кои ќе се фрлаат по светиот крст да не излегуваат од водата додека владиката Тимотеј не ја заврши службата.


Одбележувањето на овој голем христијански празник ќе започне на 19 јануари во 7 часот со богослужби во сите парохиски цркви во Охрид. Еден час подоцна црковно-народната манифестација на градското пристаниште ќе биде збогатена и со музичкиот избор на Влатко Стефановски и неговата група.

Светиот крст  ќе биде фрлен во езерските води во 10 часот.

Ohridnews