Во заостанатиот натпревар од “Боксинг деј“ Арсенал со 5-1 го совладаа Вест Хем на Емирати.


Почетокот од мечот не наговестуваше ваков епилог откако “чеканите“ поведоа со 1-0. Стрелец на голот беше Колисон. Погодокот на Вест Хем ги разлути “топчиите“ кои до крајот на првиот дел со голот на Подолоски изедначија 1-1. Во вториот дел францускиот репрезентативец Жиру ја започна канонадата на голот од Јаскелаинен, ја продолжија Кацорла и Волкот, а со вториот гол на натпреварот Жиру ги постави конечните 5-1.

Со трите бода од градското дерби Арсенал ќе се зацврсти на шестата позиција додека Вест Хем е на средината од табелата со 27 бодови.

Мх.П.