Времето во Охрид во првите четири дена од наредната седмица ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди и услови за дожд и грмотевици. Дневната температура ќе биде од 20 до 22 степена, а минималната 12 степени.

Стабилизирање на временските услови се очекува од петок и за време на викендот кога ќе биде суво и стабилно. Од недела се очекува потопло време и покачување на температурата до 26 степени.

OhridNews