Топлото време го прави Охридското Езеро идеално за рекреација. Температурата на водата според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи изнесува 25 степени Целзиусови.

Денеска ќе преовладува сончево време, малку потопло, со мала локална облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Максималната температура на воздухот во Охридскиот регион ќе достигне до 31 степен.

Периодот на сончево, топло и пријатно време ќе продолжи и во наредните денови.

OhridNews