Во земјава денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, претежно во планинските предели ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Максималната температура во Охрид ќе достигне до 30 степени.
И во недела не очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Минималната температура во Охрид ќе достигне 15 степени, амаксималната 30 степени.
Под влијание на топла воздушна маса од југ до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 39°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.
Г.М.











