Неколку торнада и бури со грмотевици го погодија поширокото подрачје на Чикаго, поради што аеродромите О’Харе и Мидвеј го прекинаа целиот воздушен сообраќај во третиот по големина американски град.

Сите полетувања на комерцијалните летови кон аеродромите О’Харе и Мидвеј беа приземјени, а полетувањата од тие два аеродрома беа одложени, објави американската Федерална управа за авијација.
Според FlightAware, повеќе од 320 летови биле откажани, а градските власти ги предупредиле луѓето да се евакуираат.
Имаше откорнати дрвја и разнесени кровови во градот Кантрисајд во округот Кук, а стакла од автомобили беа разнесени во Ла Гранж, соопшти Националната метеоролошка служба. Оштетувања на кровови и дрвја се пријавени и на неколку други локации.
Илјадници жители останаа без струја, а канцеларијата на градоначалникот Брендон Џонсон соопшти дека жителите на Чикаго треба да ја ограничат употребата на вода за да спречат поплави.
Предупредувањето за торнадо за Чикаго сè уште не е укинато, меѓутоа, експертите велат дека сегашната прогноза е „без предупредување за торнадо“.
OhridNews
фото. МИА/твитер











