Навивачката група “Торцида“ која го подржува тимот на Хајдук со спектакуларна баклијада го “запали“ Сплит и го најави дербито со лутиот ривал Динамо Загреб. “Торцида“ во неколку наврати беше тема на многу документарни филмови, а мината сезона го спаси клубот од финансиски стечај.



Според прецизните англиски медиуми “Торцида“ спаѓа меѓу петте навивачки групи на стариот континент по својата верност и преданост на клубот.

Натпреварот од хрватската Супер лига се игра во 18 часот.

Мх.П.