Желбата кај водечките лица во Федерацијата да ја видат Македонија на Мундијалот 2014 година беше одлучувачкиот момент за кој се нафатив на оваа работа –  истакна новиот селектор на македонската фудбалсаката репрезентација Џон Тошак на првата пресконференција .

 

 
Велшанецот кој во својата фудбалска кариера беше еден од “расните“ центарфори потенцираше дека Македонија ќе игра офанзивно и со низа победи ќе обезбеди пласман на Мундијалот.

–  Сакам да се квалификуваме на СП, за да се квалификуваме мора да победуваме а за тоа ние се потребни голови. Играта секако дека нема да зависи од поединци туку од целиот тим – рече Тошак.



Тошак кој в својата кариера работел во Франција, Шпанија,Италија вели дека дошол на непозната територија, но дека имал можност неколку пати да престојува  и да игра против екипи и репрезентацијта на поранешната СФРЈ.

Групата во која се најдовме е тешка но не и не премостилива. – Добро ги познавам екипите кои доаѓаат од островото, (Велс и Шкотска) мечевите со Хрватска и Србија ќе бидат мечеви од голем предизвик, со многу гордост , а играчите и спортската јавност знае многу за нив. Белгија е репрезентација која дополнително ќе ја запознаеме  – потенцираше стратегот.

Тошак на својата прва пресконференција не зборуваше многу за актуелниот циклус во кој Македонија е класичен статист. Тој истакна дека ќе ги искористи мечевите за што подобро да се запознае со квалитетот но и менталитетот на македонските репрезентативци.

М.П.