Велшанецот на македонската клупa Џон Тошак ги соопшти 19-те фудбалерите кои ќе конкурираат за пријателскиот натпревар со Луксембург. Мечот е закажан во терминот на ФИФА на 29-ти февруари. Селекторот од составот го изостави заменикот капитен Величе Шумуликоски кој не се прослави на последните натпревари во репрезентативниот дрес.


За “спарингот“ со Луксембург, Тошак не смета на ни еден фудбалер од лидерот во првата македонска фудбалска лига Вардар, додека повратници во селекцијата се голманот Томе Пачоски и дефанзивецот Бобан Грначаров.


19-те фудбалери кои се повикани за мечот со Луксембург :

Голмани : Един Нурединоски, Томе Пачовски

Одбрана : Горан Попов, Александар Тодоровски, Ванче Шиков, Даниел Мојсов, Николче Новески, Даниел Георгиевски, Александар Лазевски, Бобан Грнчаров.

Средина : Мухамед Демир, Филип Деспотовски, Никола Глигоров

Напад : Иван Тричковски, Горан Пандев, Агим Ибраими, Мирко Ивановски, Ферхан Хасани, Илчо Наумоски
 

Мх.П.