Селекторот на националниот тим, Џон Тошак по последниот тренинг  го соопшти конечниот список на патници за Москва каде на 2. Септември Македонија го игра квалификацискиот дуел со селекцијата на Русија.


На списокот се 19 играчи, а отпаднаа , Тасевски, Грозданоски, Лазаревски и Усеини кои на националниот тим повторно ќе му се приклучат за средбата со Андора.

За најдобриот состав против Русија ќе конкурираат: Пачовски,Богатинов, И.Митрески, Шиков, Попов, Петров, Мојсов, Георгиевски, Новевски, Демири, Муарем, Шумуликоски, Хасани, Пандев, Агим Ибраими, Тричковски, Ивановски, Трајковски и Фазли.

Експедицијата за Москва заминува рано изутрина преку Будимпешта и се очекува во руската престолнина да пристигне околу 13.30ч по локално време. Утре вечер во 20ч е закажан и тренинг.

Ohridnews