Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Џон Тошак изрази жалење за пропуштените шанси во Москва и воедно предупреди дека не треба да има опуштање во тимот пред дуелот со Андора, кој Македонија мора да го добие.


Ја гледавме Андора на касета на средбата со Словачка. Играат дефанзивно и се надевам дека напаѓачите ќе бидат добро сконцентрирани за да ја пробиеме нивната дефанзива. На играчите постојано им велам дека не треба да има опуштање рече пред новинарите селекторот Тошак кој уште еднаш потврди по неколкудневно дружење со репрезентативците дека Македонија има квалитет да се пласира на следното СП во Бразил.


Селекторот Тошак ги пофали младите фудбалери и рече дека од нив зависи дали ќе најдат место во тимот. – Имаме неколку казнети играчи, Пандев, Новевски и Демири и сега шанса ќе добијат оние кои не беа во комбинација во Москва. Против Андора едноставно мора да се постигне гол. Јас како тренер не можам да ги тренирам играчите да даваат голови тоа е во нивниот менталитет. Со Русија имавме 16 удари.

Средбата се игра во вечерва во 20ч. на Филип Втори.

Ohridnews