Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Џон Тошак го одржа првиот тренинг со националниот тим на кој недостасуваа стандардните, Пандев, Новевски, Богатинов и Попов.


Од новоповиканите недостасуваше Самир Фазли, а меѓу репрезентативците беше и ново име младиот Александар Трајковски за кој стручниот штаб дополнително ќе одреди дали ќе патува за Москва.


Селекторот Тошак утре ќе го соопшти списокот на 19 играчи кои ќе патуваат за Москва, кога и ќе ги соопшти своите први впечатоци од подготовките за дуелите со Русија и Андора.



“Фото ФФМ“
Ohridnews