Македонската репрезентаија предводена од велшкиот селектор Џон Тошак денеска ќе го одржат последниот тренинг пред утрешниот натпревар со селекцијата на Ерменија. Натпреварот е закажан за 17 часот по локално време.


–    Ги прегледавме натпреварите на Ерменија со нашата репрезентација во Скопје и дуелот со Словачка во кој Ерменија го доби убедливо. Нашиот голем проблем е неефикасноста во нападот, тоа го покажаа сите статистички анализи. Се надевам дека ќе ја “копираме“ играта со Русија на гости, екипата “горе долу“ ќе  биде слична како онаа во Москва, и дека ќе извлечеме добар резултат  – истакна Џон Тошак.

За “црвено жолтите“ ова е последно гостување во циклусот квалификации за Европско првенство во 2012 година кое се игра во Полска и Украина. На Македонија му преостанува уште еден натпревар пред своите гледачи со Словачка.

Ohridnews