Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува подготовките за мечот со Русија во петок, селекторот Џон Тошак на распогање го има комплетниот состав, а како што истакна  е задоволен од залагањето на репрезентативците и покрај топлото време.


Она што ми прави проблеми сигурно е што играчите доаѓаат во групи, па дури вечерва ќе тренираме комплетни. Дел од нив се заморени од настапите, долгиот пат и ние сето тоа го имаме во предвид. Она од што сум пријатно изненаден е што за прв пат во селекторската кариера ми се случува сите повикани играчи да се јават на прозивката. Од она што го имам како прв впечаток мислам дека ќе можеме да составиме добар тим за гостувањето во Москва.

Селекторт истакна дека најголемиот дел  од информациите ги добива преку видео записите, но дека тренинзите се едно а натпреварите сосема друго. Дел од играчите кои нема да патуваат за Москва ќе останат во Скопје бидејќи има доста играчи со по еден картон (Попов, Демири,Новевски, Шиков и Пандев) па можно е да се случи некој да го загуби правото за настап против Андора.

Русија има силен тим. Натпреварот им е доста важен и ние сме свесни што не очекува на „Лужники”. Имам доста информации за противникот, играв против Русија и како селектор на Велс и ќе се подготвиме максимално за овој предизвик. Во оваа прилика му посакувам брзо закрепнување на нивниот одличен голман Акинфеев од тешката повреда бидејќи е еден од најдобрите голмани во Европа.

Македонската фудбалска репрезентација , рано изутрина патува за Москва каде утре се очекува да пристигне околку 13.30ч. За утре е планиран еден тренинг.

Ohridnews