Во осветените води на Охридското Езеро, денес на Сараиште се изврши традиционалното групно крштевање на пет верници.  Крштевањето го изврши Отец Васил Михајловски, парохиски свештеник на Варошка Парохија.

Денешниот чин е традиционално групно крштевање, кои со години наназад се извршувало на Сараиште. Годинава имавме пет членови кои сакаа, пристапија и станаа членови на црквата Христова, вели Отец Васил.

Според свештените лица, крштевањето е од големо значение во самото свето Православие бидејќи со Светата тајна  – крштение се прима Православната вера и стануваме членови на Православната црква.

Со крштевањето се  постигнува да можеме да учествуваме и во другите свети тајни кои црквата ги востановила. За таа цел исто така Господ Исус Христос кога се крштевал на реката Јордан го востановува Светото крштение. Тој е крстен од страна св. Јован Крстител, неговиот предвесник кој го подготвува патот за луѓето да се подготват за доаѓањето на Господ, додава Отец Васил. 

 

К.А.