Причините што го предизвикало струјниот удар кој ги усмрти тројцата стружани на летен шанк кај Пливалиште во Струга минатиот септември останаа неразјаснети и по денешното рочиште oд судскиот процес што за овој трагичен настан се води во Основниот суд во Струга.

Пред судот не се појавија дел од повиканите сведоци, а не дојде ниту претставник на ЕВН. Како функционирал спорниот шанк каде се случила несреќата, кој како што беше речено не бил контролиран од надлежните органи, како била изведена електричната инсталација и што можело да биде причина за немилиот настан остана нејасно и по денешното рочиште.

За случајот обвинети се Цвете Вранишкоски, Климе Миладиноски  и Гоце Јанески, сите тројца поврзани со работењето на спорниот шанк кај Пливалиште, кои се товарат за предизвикување тешки дела против општата сигурност на луѓето.

Судскиот процес за трагичниот настан во кој животот го загубија Јосиф Докоски, Кире Ѓоргоноски и Јонче Кувенџиески, ќе продолжи на 5-ти април.

OhridNews