
Според него Република Македонија е стабилна и нема основи за дестабилизација преку меѓуетнички или интеретнички судири.
„Унитарниот карактер не е загрозен или доведен во прашање, а за тоа се гаранти сите граѓани на Македонија, но посебно мнозинскиот- Македонски народ, како и другите народи со кои со векови живееме заедно.
Не постои странски заговор за уништување на Македонија. Внатрешната стабилност и кохезија се клучни за иднината и перспективите на Македонија.
На Македонија и е потребна нова реформска Влада која согласно Уставот треба да ја формираат партиите кои ќе обезбедат мнозинство во Парламентот.“ – смета ДС.
Демократскиот сојуз повикува на разумно и одговорно однесување од сите лидери на партиите, при што мора националните и државните интереси да бидат пред личните и партиските.
„Обидите преку дестабилизација на државата да се заштитат партиските водства, ќе бидат препознаени, осуетени и казнети, токму од народот на кој популистите се повикуваат секогаш кога ги губат позициите и власта.“ – стои во соопштението на ДС.
OhridNews











