Во изминатата 2016 година покажавме дека успесите се достижни. За нивно постигнување беше потребен труд, време и секако финасиски можности за реализирање на зацртаните проекти, рече на денешната прес конференција градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски давајќи отчет за сработеното во 2016.

– Постигнатите резултати и успесите се поголеми кога се заслужени и кога се вреднувани од пошироката заедница. За мене како човек, големо значење имаше поддршката што ја добив од локалното население, како предизвик и мотивација, за реализација на проектите што рековме дека ќе ги исполниме и мерките што ветивме дека ќе ги спроведеме. Вербата во развој, сигурна иднина и пристоен живот се преточени во реализираните проекти. Моја крајна желба е Општина Дебрца да стане едно пристојно и посакувано место за живеење, рече Трајкоски.

Трајкоски потенцира дека во 2016 општина Дебрца заедно со Владата на РМ реализирале проекти со вкупна вредност од 76.770.000 денари, меѓу кои ги издвои: изградбата на фекална канализација во Горенци, алфалтирањето на локалниот пат од Злести до Лешани во должина од 2 км, изградбата на регионален колектор за одведување на отпадни води за селата Климештани, Мешеишта, Волино, Требеништа и Горенци, асфалтирање на улица во Ботун во должина од 1 км, изведба на атмосферска канализација во Ботун во должина од 300 метри, организирање на Фолк фест ЦРЕШНОБЕР 2016, реконструкцијата на Основно училиште во Оровник, изградбата на бетонски премин на река во Годивје, санација на фудбалско игралиште за голем фудбал во Белчишта, тампонирање на полски пат од Волино до Требеништа, реконструкција на водоводна мрежа во Требеништа, реконструкција и санација на Културен дом во с.Лешани, изградбата на пешачка патека покрај Охридското езеро во Оровник и тампонирањето на локални улици во с.Лактиње.

Како што рече Трајкоски, за 2017-та година предвидени се голем број инвестиции со за развој на Дебрца. Ќе се извршат санации на фудбалските игралишта за голем фудбал во Волино и Лешани, предвидени се санација и реконструкција на Културниот дом во Злести, санација и реконструкција на основното училиште во Ботун, доизградба на Фекална канализација во с.Мешеишта, организирање на Фолк фест ЦРЕШНОБЕР 2017, Набавка на комунално возило за собирање на отпад, изградба на фекална канализација во с.Лешани и с.Велмеј со пречистителна станица, партерно уредување околу извори „ДОЛНИ ИСТОК“ во с.Велмеј, санација на каптажа на извор „Тројане“ во с.Оровник, санација и реконструкција на Пумна станица за водоснабдување“св. Еразмо”, изградба на плоштади во селата Велмеј, Лешани, Злести, Белчишта, Ботун, Климештани, Мешеишта, Требеништа, Волино, Горенци и Оровник, асфалтирање и тампонирање на локални улици во с.Оровник, с.Горенци,с.Требеништа,с.Мешеишта,с.Ново Село,с.Врбјани  и с.Брежани.

Вкупната вредност на проектите е 77.320.000 денари.

OhridNews