Низ сиот изборен циклус се обидовме до Вас да ја доближиме и презентираме програмата на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори. Во очи на изборниот молк би сакал од вас да ги согледате проектите кои ги остваривме во текот на изминативе четири години како и проектите кои ќе ги спроведиме понатаму. Пред вас нека стојат фотографиите и размислите за тоа каква општина беше Дебрца пред само четири години и каква е денес, а според програмата каква ќе биде во иднина, рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ за Дебрца, Игор Трајкоски.

– Ние го бараме вашиот глас бидејќи тој е двигател за понатамошна работа во општина Дебрца. Без вашата доверба не би можел да се реализира ниту еден проект. Затоа пред изборниот молк добро размислете за секоја област, за секој сегмент во општина Дебрца, ќе согледате дека нашата работа беше сестрана и исполнителна. Знаеме дека Секогаш постои можноста за повеќе и подобро и кон тоа се стремиме и ќе се стремиме, никогаш не сме размислувале за помалку туку за повеќе, за подобра општина за подобро утре. Секогаш тоа сме го постигнувале со работа и затоа денес можеме пред вас да стоиме и да зборуваме со непобитни факти, рече Трајкоски.

Додаде дека секаде каде што е потребен проект кој треба да се реализира ќе се направи, но за да се спроведе сето тоа и во интерес на продолжување и започнување на нови проекти во Општина Дебрца, Трајкоски ја побара повторно довербата на жителите на Дебрца.

– На тој начин заедно сплотени ќе ја направиме Дебрца поразвиена. Дебрца тоа го заслужува. Заедно ќе успееме на 15 отомври, само уште неколку часови до она што значи континуитет на  преродбеничка Дебрца. Затоа Ве повикувам сите масовно на 15 октомри во недела во што поголем број да ја поддржите политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, да ја дадете поддршката за мене како повторен градоначалник на Општина Дрбрца и за листата на советници на ВМРО-ДПМНЕ со носителот Моника Мацеска. Тоа е вистинската комбинација за успех и успешна Општина Дебрца, истакна Трајкоски.


OhridNews