Предводникот на Охрид, Раде Стојановиќ и Кирил Атанасовски го одржаа првиот собир со најмладата репрезентацијата составена од ракометари родени 2004/05 и означија почеток на новиот проект од Ракометната федерација на Македонија (РФМ). Селекторскиот тандем тренинзите ги извршува во спортската сала во Автокоманда.

Ова е нов проект. Ова е прв ваков собир на оваа годишна возраст, а континуитетот како и селектирањето ќе продолжи и во иднина. Со овој собир го следиме европскиот тренд. Веќе повозрасните генерации 2002 и 2003 се во континуиран процес, на ред се овие деца. Ќе продолжиме и во континуитет да ги следиме сите деца, не само овие туку и сите останати, бидејќи оваа генерација за прв пат ќе треба да се натпреварува дури по две години. Ваквите собири треба да бидат мотив за сите млади ракометари, да се изборат за репрезентативниот дрес. Верувам дека ваквата акција е вистински пример дека, Ракометната федерација на Македонија има вистински план и дека мисли на иднината на нашиот ракомет. – изјави Стојановиќ за „Сител“.

Воедно со ова, Ракометната Федерација на Македонија, дава добар пример на останатите спортски федерации кај нас како вистински и плански треба да се работи и како се размислува за иднината на овој спорт, нешто од што треба да учат и останатите.

OhridNews