Завршена е авантурата на охриѓанецот Сашо Ѓорески, во редовите на Чешкиот Брно.

Ѓорески во овај подготвителен период чекајќи трансфер, се подготвува со соиграчите со кои ја започна кариерата.

 – Моите документи се во Чешка, во Брно. Имам уште една година од договорот, но тренерот ми кажа дека не сум во неговите планови. Проблем преставува и раководството кое не сака да ме пушти на позајмица него бараат обештетување – ни рече Ѓорески.

Како стојат работите, чекајќи понуда од надвор, доста веројатно е Ѓорески кој минатата сезона играше во Албанија да ги засили редовите на Прилепска Победа.

М.П.