На Факултетот за туризам и угостителство во Охрид денес се одвива третиот усписен рок за студентите почнувајќи од 8 часот до 16 часот.

Слободни места, како што информираат од Факултетот има на насоките царина и шпедиција: 35 (со школарина), царина и шпедиција (на англиски јазик): 8 (државна квота) | 8 (со школарина), осигурување и менаџмент со ризик: 3 (државна квота) | 25 (со школарина), менаџмент во услужен сектор: 27 (со школарина), туризам: 5 (државна квота) | 29 (со школарина), туризам (на англиски јазик): 8 (државна квота) | 8 (со школарина), гастрономија: 7 (државна квота) | 20 (со школарина) и хотелско ресторански менаџмент: 11 (државна квота) | 10 (со школарина).

Прелиминарните ранг листи ќе бидат објавени на 26-ти септември, а запишувањето на кандидатите ќе биде на 29-ти септември.

OhridNews