На 3-от Интернационален Натпревар „Уметноста на Мозаикот“ кој деновиве се одржа во Италија, академески сликар, конзерватор и реставратор, Никола Упевче, го освои третото место.


На натпреварот што го организираа Музејот на Реката во Назано, кураторот Александро Лугари, и асоцијациите „Ti con Zero“ и  „Le Mille e una Notte“ со подршка од Градот Назано и Регионалениот природен резерват Tevere-Farfa Nazzano од Италија, Упевче се  претстави со мозаикот „Риби“.


Целта на натпреваротт е да одговори на потребите за давање облик на нови идеи и потребата да се понудат нови иницијативи за уметнички занаети во уметноста на мозаикот.

OhridNews