Трета оставка во Државната комисија за спречување корупција. Жаклина Дамчевска поднела оставка на функцијата, потврдија оттаму за „Макфакс“.

Оставката следува по двете оставки на Горан Миленков и Игор Тантуровски. „Макфакс“ неофицијално дознава дека оставката е поради политички притисок врз членката за конкретен предмет кој неодамна го отворија антикорупционерите.

OhridNews
Макфакс