Шпанскиот стручњак Микел Артета во третиот натпревар на клупата од Арсенал го забележа првиот триумф, откако неговите избраници со 2-0 (2-0) го совладаа Манчестер Јунајтед во дербито од првата рунда во Новата 2020 година во Премиер лигата.

„Топчиите“, со победата над големиот ривал ставија точка на серијата порази на Емирати и на мала врата се вратија во игра за местата на табелата кои водат во Европа.

Арсенал чекорот кон победата го направи во првиот дел во кој успеа да ги постигне двата погодоци. Пепе во 17-та минута ја погоди мрежата на Де Хеа за водство 1-0. Пред крајот на полувремето, Сократис беше на вистинско место после одбранетата топка на Де Хеа и го зголеми резултатот на 2-0.

Во вториот дел, „црвените ѓаволи“ притиснаа и креираа прилики, но не ја погодија целта и со пораз ја започнаа Новата 2020 година.

Арсенал со трите бодови од дербит на Емирати ќе се искачи на 10-та позиција, додека Манчестер Јунајтед ќе остане петтопласиран.

OhridNews