По повод Светскиот ден на велосипедизмот 3 јуни денес со почеток во 10:30 часот во Холандски парк- Охрид ќе се одржи третото издание на настанот „Вози велосипед, уживај и промовирај“.

Настанот е иницијатива која ги поврзува младите, локалната бизнис заедница и институциите преку промоција на одржлива мобилност и иновативен урбан маркетинг.

Истиот е во организација на здружението „Граѓански Интегритет“ со поддршка на општина Охрид и во соработка со СОСУ „Св.Кирил и Методиј” и локалната бизнис заедница.

OhridNews