Екипите на Ј.П. Охридски Комуналец од Јавна Хигиена и Јавно Зеленило деновиве воведоа 2-сменско работење. Новиот начин на работа  ќе овозможи извршување на работните обврски со максимално и ефективно искористување на машините и работната сила.

-Ова беше потребно заради зголемениот обем на работа во пресрет на туристичката сезона и зголемениот прилив на гости кои го посетуваат градот Охрид но и пошироката околина на општината на кои треба да им се овозможи пријатен престој, информираат од јавното претпријатие.

Оттаму нагласуваат дека освен во градското подрачје, во заедничка акција со Локалната самоуправа, екипите од Јавна Хигиена и Јавно Зеленило извршуваат косење и уредување на тревните површини во околните населени места кои припаѓаат на општина Охрид.

Досега е завршено уредувањето на тревните површините во Љубаништа, Трпејца, Пештани, Елшани, Лагадин, Коњско, а вчера екипите имале работни активности во населбата Рача и на улиците ,,Асном’’ и ,,Сирма Војвода’’.

OhridNews