Пред три месеци „Inclusive“ диско почна да испишува нова страница во ноќниот живот на Охрид. Зад нас се дваесттина одлични журки кои привлекоа голем број гости. Креиравме музичка програма за сечиј вкус, од Амадеус бенд, Амар Гиле, Милица Павловиќ… па до Таско, Лозано, Тони Зен, Mike Ride и DJ Face. Да не ги заборавиме и нашите Драган Темелков и Зоран Илиев кои се редовни на сцената на „Inclusive“.

Успешната приказна продолжува оваа пролет со разновидна програма. За љубителите на рокенрол звукот, на 9-ти април од Нови Сад доаѓа проектот „Tribute to Bijelo dugme by Klin“. Составот во кој членуваат музичари од „Дивље јагоде“ и „Црвена јабука“ акустично ќе ги изведе хитовите на најпознатиот рок бенд на овие простори.

За оние, пак, што преферираат „електро“, 15-ти април e резервиран за македонското електронско дуо „Cyrillic“.

Пред нас се убави празници исполнети со квалитетна забава. За сите што Велигденските празници ќе ги поминат во Охрид, „Inclusive“ диско ќе биде отворено и во продолжениот викенд од 21-ви до 24-ти април. По Велигден следува уште еден продолжен викенд за 1-ви Мај кога во „Inclusive“ ќе настапат две исклучително познати имиња од соседството. Охрид е омилена празнична дестинација за сите, а ова е уште една причина да се избере краток одмор во најубавиот туристички центар во земјава и да се биде во епицентарот на ноќниот живот за претстојните празници.

Следете не на социјалните мрежи „Facebook“ и „Instagram“ и дознајте што ве очекува во „Inclusive“ диско за празниците кои следат. По нив ни доаѓа летото кога следува кулуминација на забавата во „Inclusive“ диско.

OhridNews