
– Кај три од нив констатирани се прекршувања, односно бучавоста ја надминала дозволената горна граница од 65 децибели и за истите следи парична казна во износ од 800 евра во денарска противвредност. Контролата на бучавост ќе продолжи и наредниов период, а се резлизира со цел решавање на долгогодишниот проблем со кој се соочуваа жителите од стариот дел на Охрид, кои не беа во можност да се одмараат или спијат во вечерните часови поради многу гласната музика од кафулињата кои се сконцентрирани во старото градско јадро, велат од локалната самоуправа.
Оттаму, додаваат дека во насока на задоволување на интересите и на угостителите и на жителите од Стар град, претходно е донесена одлуката, 15-тина дена од летото , за празници или за време на одржување на културни манифестации да се продолжи работното време на угостителските објекти за еден, односно два часа.
OhridNews











