ВМРО – Народна партија, Либерално – демократската партија, Обединети за Македонија и Достоинство денеска во Охрид ќе одржат трибина.

Според најавите на средбата со охриѓани ќе се обратат: Љубчо Геогиевски, претседател на ВМРО – Народна партија, Андреј Жерновски, претседател на ЛДП, Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство и претставник на партијата на Љубе Бошковски.

Трибината ќе се одржи во Центарот за културата „Григор Прличев“ со почеток во 20:00 часот.

OhridNews