Вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, опозиционата СДСМ предводена од претседателот на партијата Зоран Заев и генералниот секретар Оливер Спасовски, оддржа трибина на која беа промовирани мерките и активностите предвидени во новата програма на СДСМ.

Како што истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев, новата програма има за цел да ја врати средната класа во земјава, да создаде фер и правично општество, односно Македонија да ја насочи кон иднината.

Јас сум убеден дека ќе дојде повторно времето кога СДСМ ќе има чест повторно да управува со најубавиот град во Република Македонија и пак ќе биде бастионот на СДСМ. Сите денеска во Македонија живеат тешко. Државата ни е презадолжена, фирмите се клекнти на колена, граѓаните се гушат во долгови и не можат да го закрпат месецот. СДСМ е најголемата надеж која треба во овој период  да го поттикне овој наш народ да ја одигра повторно историската улога и да си ја зачува државата. Кога ќе зборувам за нашите мерки и за деталите од секојдневието и како мерките ќе ги решат тие пробелеми, самите ќе воочите колку сме дојдени до дното,  до понорот од кој што единствен излез кој што може да и помогне на Македонија е враќањето на средната класа, создавање фер и правично општество за сите и создавање надежна иднина во Република Македонија.“ – истакна Заев.

Тој потенцира дека долгот на Македонија надминал повеќе од 40 отсто од брутодомашниот производ, а дури 92 проценти од населението во земјава живее во сиромаштија.

Овие 22 години транзиција си го направије своето, а оваа банда вмровска го дотолчи својот сопствен народ. Да беа окупатори ќе имаа малку душа и ќе застанеа. Денеска оваа власт владее со репресија, контролирајќи го својот народ. Веќе не се зборува за работнички права, синдикати немаме повеќе, граѓаните не одат во државни болници, образованието е дотолчено комплетно, а денеска зборува колку наредниот месец долгот ќе биде поголем. Два до три проценти од граѓаните се екстремно богати, 4-5 отсто се средната класа и преку 92 проценти е сиромаштија. Имаме метод кој значи враќање на парите на граѓаните, а кој може да се примени заради консталациите во кои фунцкионира земјава и заради буџетските констуркции кои се создадени.“ – потенцира Заев.

Покрај трите мерки поврзани со децентрализацијата на власта, а кои се однесуваат на децентрализација на центрите за социјални работи, примарната здравствена заштита и Секторот за јавен ред и мир од МВР кон општините, Заев ја посочи мерката која се однесува на субвенции наменети за хотелиерите.

Друга мерка која е многу важна за Охрид е стимулација за хотелите и хотелските дејности. Денеска држвата ги субвенционира тур-операторите кои носат луѓе од странство, а при тоа хотелите не се субвенционирани. Ние предлагаме субвенции за хотелите за да можеме да го поттикенеме домашниот туризам. Пред се граѓаните кои се од Македонија да можат повеќе своето слободно време да го користат за туристички викендви во земјава. Заедно ќе создаваме збогатени туристички понуди во Македонија, кои треба да продуцираат дополнителни посети на туристи ширум нашата земја, пред се во најголемите туристички центри како Охрид.“ – посочи Заев.

Помеѓу 350-те мерки кои се наоѓаат во програмата на СДСМ се субвенции за земјоделството, воведување државна социјална пензија за граѓаните кои навршиле 64 години, а не оствариле 15-годишен стаж, зголемување на социјалната помош за 40 отсто, отворање нови работни места преку поттикнување на младите за отворање сопствени трговски друштва преку бизнис-идеи и друго.

OhridNews