Судот им одреди мерка притвор на бизнисменот Орце Камчев, неговиот соработник Ненад Јосифовиќ, директорот на „Ексико“ Тодор Мирчевски, Цветан Панделески, директор на ЗК Пелагонија и за Зорица Арсовска, сметководител во фирмите на Камчев, јави телевизијата „Алсат М“. За нив е покрената истрага во рамки на предметот „Империја“ што го отвори Специојалното јавно обвинителство. Новата истрага на СЈО е поврзана со перење пари, злоупотреба на службен адолжност и повластување доверители.

Оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело. Во текот на предистражната постапка, со преземање на различни истражни дејствија, како и со примена на посебни истражни мерки, се обезбедени доволно докази од кои произлезе основано сомнение дека во периодот од 2002 година до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост.

СЈО

Специјалното јавно обвинителство од вчера врши претреси во фирмите на осомничените.

OhridNews