Tриесет и седма седница на Советот на Општина Охрид
30.01.24 08:59
Денес ќе се одржи триесет и седмата седница на Советот на Општина Охрид во зградата на Општина Охрид.
На дневен ред десет точки меѓу кои утврдување на вредноста на бодот за пресметка на бруто плата на вработените во ЈП „Водовод“ – Охрид и ЈП „Нискоградба Охрид“ – Охрид кои имаат статус на административни службеници за 2024 година, давање согласност на одлуката за дополнување и изменување на ценовникот на услуги на ЈП Нискоградба Охрид – Охрид, определување на просечна цена за утврдување на пазарна вредност на градежното земјиште за календарската 2024 година утврдена врз основа на извршените купопродажби во претходната година на подрачјето на општина Охрид, определување на просечна цена за утврдување на пазарна вредност на земјоделско земјиште за календарската 2024 година утврдена врз основа на извршените купопродажби во претходната година на подрачјето на општина Охрид по катастарски општини, определување зони за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот (објекти) на подрачјето на Општина Охрид.
Советниците ќе распрваат и за носење на локален акциски план за управување со отпад на Општина Охрид за 2024 – 2025 година како и план и програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територија на Oпштина Охрид.
ЈП „Билјанини Извори“ воведе нов софтверски систем за паркирање, со кој на граѓаните и посетителите им се овозможува побрзо, поедноставно и целосно онлајн плаќање на паркинг-услугите Со новиот сист...
Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вечерва продолжува со концертот на триото „Кимера“ од Италија што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот Триото го сочинуваат ...
Закани кон членови на семејство, физичка пресметка и детали за вчерашниот пожар во „Бејбунар“ во денешниот билтен на СВР Охрид На 15072026 во Охрид од слобода е лишено 61-годишно лице од Охрид, по ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.