Тројца новозаразени со Ковид-19, шест излекувани, нема починати
28.06.21 14:39
Од направени 1.342 тестирања, во последните 24 часа регистрирани се три нови случаи на Ковид-19, сите во Скопје, има шест оздравени пациенти, од кои по двајца се од Скопје и Тетово, а по еден од Кочани и Кичево. Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати лица, информира Министерството за здравство.
Досега во земјава се направени 874.236 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 155.676, бројката на оздравени пациенти е 149.967, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 225.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице и 67-годишно лице од Кавадарци, сопственик и управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотре...
По интересот за филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“, Културолошката иницијатива 5 до 12 организира уште една проекција во рамки на филмската иницијатива „Кино Четврток“ Проекцијата ќе се одрж...
Денеска и утре во Марибор, Словенија се одржува Меѓународната конференција COBISS 2026 Во македонската делегација предводена од директорот на НУ Универзитетска библиотека „Св Климент Охридски“ Јови...