Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ вечерва на седница ги избра членовите на новиот Извршен комитет на партијата, во кој ќе членуваат тројца  охриѓани: Александар Николоски, Кирил Пецаков и Трајко Славески.

Новиот ИК на ВМРО ДПМНЕ уште ќе го сочинуваат: Владо Мисајловски, Иван Иванов, Сергеј Попов, Никола Мицевски, Гордана Димитриевска- Кочоска, Рашела Мизрахи, Стефан Андоновски, Марија Андоновска, Олга Лозановска, Дафина Стојановска, Вело Марковски, Влатко Ѓорчев, Драган Ковачки, Коце Трајановски и Антонијо Милошоски.

Од лични причини од сите функции во партијата се повлече генералниот секретар Игор Јанушев кој најавил дека и во иднина ќе и помага на партијата.

По завршувањето на Централниот комитет, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека на седницата дал предлог за свикување вонреден конгрес на паријата на кој тој нема да се кандидира, но ЦК го одбил таквиот предлог.

Тој се заблагодари на укажаната доверба и најави дека дека една единствена цел во иднина на ВМРО ДПМНЕ ќе биде победа над, како што рече, мафијата на власт која уценува и поткупува и којашто е се’, само не политичари.

OhridNews