Во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје 14, Куманово 8, Штип 13, Струга 1, Кавадарци 3, Гостивар 22, Кочани 1, Берово 3, Виница 4, Свети Николе 3, Кичево 2.

Починати се 3 лица, пациент од Битола, пациент од Демир Хисар и пациент од Скопје.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 90 оздравени пациенти од кои еден од Охрид.

Досега во земјата се направени вкупно 106047 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11128, бројката на оздравени пациенти е 6972, на починати е 500, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3656.

OhridNews