Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност и слаб ветер од променлив правец. Попладне во планинските подрачја со услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне 31 степен Целзиусов, а индексот на УВ зрачење ќе биде висок и ќе изнесува 9. Во недела ќе биде уште потопло со температура во охридскиот регион до 34 степени.
Периодот на претежно сончево и топло време ќе продолжи. Во попладневните часови во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Дневната температура ќе биде во постепен пораст, а во вторник и во среда се очекуваат темераури и до 40 степени, информира УХМР Македонија.
OhridNews












