Повеќе бездомни кучиња за кои се грижеше  Здружението за заштита на животни “ANIMAL WORLD” од Струга се отруени.

-Овој пат настрадаа потполно безопасни кучиња кои ние ги раневме и кои никогаш немаа нападнато ниту куче, а камоли човек. Се работи за поединци кои не се опасни само за бездомните животни, туку и за луѓето-велат од Здружението за заштита на животни “ANIMAL WORLD” од Струга.

Оттаму подочуваат дека надлежните не се заинтересирани да ги разрешат овие случаи, кои според законот претставуваат кривични дела, па затоа преку медиумите апелираат да се преземат хумани мерки да се реши долгогодишниот проблемот со бездомните животни. Волонтерите од “ANIMAL WORLD” ги охрабруваат граѓаните кои имаат некакви сознанија за ваквите труења да го контактираат здружението или случајот да го пријават во полицијата. 

OhridNews