Царинските службеници во Охрид привремено задржале маици со ознаки на заштитени трговски марки поради сомнение дека се работи за фалсификати.

Како што информираат од Царинската управа, при контрола на разна текстилна стока со потекло од Турција, пријавена за увозно царинење на царинската испостава Охрид, откриени биле 300 детски маички со лого на заштитените трговски марки „Адидас“ и „Пума“. Стоката била наменета за фирма увозник од Охрид.

Во друг случај,при контрола на контејнер натоварен со стока со потекло од Кина, пријавена за увозно царинење на царинската испостава Скопје 2 за фирма увозник од Скопје, мобилните царински тимови во соработка со царинските службеници од испоставата откриле 7.050 пара детски влечки со ознака на заштитената трговската марка НИКЕ.

Се проценува дека доколку би се продавала на пазарот како оригинал, вредноста на задржаната стока би надминала два милиони денари.

Царинската управа ќе започне постапка за утврдување на оригиналноста на стоката, согласно одредбите од законот за заштита на права од интелектуална сопственост.

OhridNews