Централниот одбор на СДСМ на денешниот состанок, како што изјави за БИРН претседателот на партијата Зоран Заев, ќе расправа за објавување на доказите за кои тој беше обвинет од премиерот Никола Груевски за уцена и обид за пуч.

„Штом ќе бидат донесени одлуките, раководството на партијата очекува и неколку други партии од опозицискиот блок да донесат одлуки. Тоа би било викендов. Реално, почетокот на идната недела е периодот кога ќе почнат да се споделуваат доказите“, вели Заев, наведувајќи дека бил подготвен на сè и оти не би бил изненаден да го уапсат при првиот обид да ги обелодени информациите.

OhridNews

извор РСЕ